• сабота, 21 декември 2024

Нетанјаху се согласи да испрати официјални лица во Вашингтон за да разговараат за израелската операција во Рафа

Нетанјаху се согласи да испрати официјални лица во Вашингтон за да разговараат за израелската операција во Рафа

Вашингтон, 18 март 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска се согласи да испрати тим од официјални претставници во Вашингтон за да разговараат со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за можна воена операција во Рафа во Појасот Газа, соопшти американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

- Дојдовме до точка каде што двете страни јасно го презентираат своето гледиште на другата страна, рече Саливан.

Белата куќа е скептична кон планот на десничарската влада на Нетанјаху да почне воена операција во областа Рафа, град во јужниот дел на Газа каде што се засолнети 1,5 милиони раселени Палестинци. Тие побегнаа пред офанзивата на израелската армија на север од малата и густо населена палестинска област.

Израел сака да го елиминира палестинското милитантно движење Хамас, кое е на власт во Газа, а на 7 октомври изврши копнено-воздушен терористички напад на југот на Израел. јт/

Фото: Х

Остани поврзан