• недела, 20 октомври 2024

Нетанјаху свика безбедносен состанок за договорот за заложници

Нетанјаху свика безбедносен состанок за договорот за заложници

Тел Авив, 18 октомври 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху подоцна денеска ќе свика специјален безбедносен состанок на кој ќе учествуваат владини министри и безбедносни претставници во воениот штаб Кирја во Тел Авив, по убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар, јавуваат израелските медиуми.

На средбата ќе се разговара за можноста за напредок во преговорите за договорот за заложници, наведуваат медиумите.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално објавија дека Синвар, кој се смета за организатор на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан