• среда, 25 декември 2024

Нетанјаху: По војната во Газа нема да има Хамас-стан или Фатах-стан

Нетанјаху: По војната во Газа нема да има Хамас-стан или Фатах-стан

Ерусалим, 12 декември 2023 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска призна дека има несогласувања со американскиот претседател Џо Бајден за визијата за повоена Газа и изјави дека Израел нема да ги „повтори грешките од Осло“.  

-Длабоко ја ценам поддршката на САД за уништување на Хамас и враќање на нашите заложници. По интензивниот дијалог со претседателот Бајден и неговиот народ, добивме целосна поддршка за копнената операција и за ограничување на меѓународниот притисок за ставање крај на војната, рече Нетанјаху, додавајќи дека „има несогласување кога станува збор за „денот после“ Хамас“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Неговата забелешка за „грешката во Осло“ се однесува на Договорот од Осло од 1993 година, кој беше наменет како рамка за идните односи меѓу „Израел и идната палестинска држава, по решавањето на сите останати отворени прашања за конечниот статус на двете држави. "

Нетанјаху кажа дека Газа нема да „биде Хамас-стан или Фатах-стан“.

-По огромната жртва на нашите граѓани и борци, не можеме да ги пуштиме во Газа оние кои носат терор, поддржуваат терор, финансираат терор, рече израелскиот премиер. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан