• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нетанјаху: Потписниците на писмото во кое се критикува војната против Хамас се „маргинални екстремисти“

Нетанјаху: Потписниците на писмото во кое се критикува војната против Хамас се „маргинални екстремисти“

Тел Авив, 10 април 2025 (МИА) - Откако началникот на израелските воздухопловни сили (ИАФ) најави дека ќе ги отпушти сите активни резервисти кои потпишаа писмо во кое ја критикуваат војната против Хамас и бараат итно враќање на заложниците од Газа, дури и ако тоа значи прекин на борбите, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поддржа одлуката и остро ги осуди „потписниците, нарекувајќи ги „група екстремисти од маргините“.

„Одбивањето да се служи е одбивање, дури и кога е убаво спакувано. Изјавите кои ги ослабуваат ИДФ (Израелските одбранбени сили) и ги зајакнуваат нашите непријатели во време на војна се неоправдани“, рече Нетанјаху, пренесе Тајмс оф Израел.

Потписниците на писмото тврдат дека не повикуваат на одбивање да служат, туку бараат владата да ги ослободи заложниците, дури и ако тоа значи итен прекин на војната против Хамас.

Тие наведуваат и дека сегашната војна е политички мотивирана. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан