• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху не се откажува од законот за ослободување од регрутирање

Нетанјаху не се откажува од законот за ослободување од регрутирање

Тел Авив, 25 март 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ѝ соопшти на својата партија Национално-либералното движење (ЛИКУД) дека нема да се откаже од нацрт-законот со кој на ултраортодоксните Евреи им се дава ослободување од регрутирање во израелските одбранбени сили.

Нетанјаху го најави ова поради најавата на членот на воениот кабинет Бени Ганц дека ќе ја напушти владата и дека неговата партија Национално единство ќе ја напушти коалицијата доколку законот биде усвоен, пишува „Џерусалим пост“.

Ултраортодоксните воено способни мажи во Израел со децении можеа да го избегнат регрутирањето со запишување за студенти во Јешива за проучување на Тората и со добивање повторено едногодишно одложување на службата додека не достигнат возраст за ослободување од војска.

Неколку влади се мачеа да постигнат консензус за закон за регулирање на ова прашање, откако Високиот суд во 2017 година пресуди дека сеопфатните ослободувања од воена служба за студентите на Јешива се дискриминаторски и неуставни и затоа и нареди на државата да најде решение за проблемот.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан