• среда, 18 март 2026

Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах

Нетанјаху на првата прес-конференција од почетокот на војната: Израел ги „дроби“ Иран и Хезболах

Тел Авив, 12 март 2026 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го „дроби“ иранскиот режим, како и неговиот сојузник Хезболах, во својата прва прес-конференција откако пред 13 дена почна војната со Иран.

- Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан – им изјави тој на израелските новинари на Зум конференција, пренесе Тајмс оф Израел.

- Хезболах ја чувствува силата на нашата рака, а ќе ја почувствува уште повеќе. Ќе плати многу тешка цена за својата агресија – предупреди Нетанјаху.

- Преку невидено обединување на силите меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, постигнавме огромни достигнувања – достигнувања кои го менуваат балансот на моќта на Блискиот Исток, па дури и надвор од него – рече Нетанјаху. јт/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан