• недела, 17 ноември 2024

Нетанјаху: Има и неприфатливи услови за ослободување на заложниците

Нетанјаху: Има и неприфатливи услови за ослободување на заложниците

Тел Авив, 29 јануари 2024 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издаде соопштение во кое не негираше дека Израел се согласил на рамка за ослободување на заложниците, но рече дека извештаите за договорот се неточни и вклучуваат услови кои не се прифатливи за Израел.

Во извештај претходно објавен од Канал 12 се тврди дека Израел се согласил на 45-дневна пауза во борбите во замена за ослободување на 35 заложници во првата фаза. Според  медиумот, околу 100-250 палестински затвореници ќе бидат ослободени за секој Израелец испратен дома, објави „Тајмс оф Израел“.

Кабинетот на Нетанјаху, исто така, изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во враќањето на раселените жители од југот на Израел во нивните домови.

Во соопштението се додава дека Нетанјаху денеска одржал состанок на оваа тема со различни официјални лица и дека е постигнат значителен напредок, како и дека се прават конечни прилагодувања за да се продолжи напред по ова прашање.

Одлуките наскоро ќе бидат претставени пред кабинетот за да се разговара за нив, се додава во соопштението. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан