• сабота, 23 ноември 2024

Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа

Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа

Ерусалим, 11 јануари 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори дека Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа или да го протера цивилното население оттаму, јави ДПА.

„Израел се бори против терористите на Хамас, а не против палестинското население. Ова го правиме целосно во согласност со меѓународното право“, рече Нетанјаху во синоќешното видео обраќање.

Сослушувањата започнуваат денеска во највисоката судска институција на ООН, Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Таму Јужна Африка го тужи Израел, тврдејќи дека воената кампања во Појасот Газа е во спротивност со Конвенцијата на ОН за геноцид.

„ИД (израелските сили) прават се за да ги минимизираат цивилните жртви, додека Хамас прави се за да има што е можно повеќе, користејќи ги палестинските цивили како жив штит“, рече Нетанјаху.

Според него, израелската армија предупредува и ги повикува палестинските цивили да ги напуштат воените зони, додека Хамас ги спречува во тоа.

„Нашата цел е да ги исчистиме терористите на Газа од Хамас и да ги ослободиме заложниците. Откако ќе се постигне тоа, Газа може да се демилитаризира и да се дерадикализира“, рече тој.

Премиерот додаде дека тоа ќе создаде „можност за подобра иднина и за Израелците и за Палестинците“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан