• петок, 27 декември 2024

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Ерусалим, 29 март 2024 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан