• четврток, 26 декември 2024

Нестле најави дека ќе ги преиспита односите со швајцарските и со меѓународните банки

Нестле најави дека ќе ги преиспита односите со швајцарските и со меѓународните банки

Берн, 28 март 2023 (МИА) - Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле ќе ги преиспита своите односи со банките по преземањето на Кредит Свис од страна на конкурентската УБС, изјави денеска извршниот директор Марк Шнајдер. Нестле беше клиент на Кредит Свис, потенцира шефот на најголемата светска групација за храна.

- Со Кредит Свис соработувавме со децении, тесно и со доверба, рече Шнајдер, „и сега треба да видиме како да ги реорганизираме нашите односи со банките, и швајцарските и меѓународните“.

Интервенцијата на швајцарската влада, централната банка и регулаторот на финансискиот пазар за време на преземањето на Кредит Свис од страна на УБС ја стабилизираше ситуацијата и ја врати довербата, нагласи првиот човек на Нестле.

Тој тврди дека добро ја започнале годината, додавајќи дека со продолжување на поскапувањето веројатно ќе го неутрализираат поскапувањето на суровините. Нестле лани ги зголеми цените за 8,2 отсто. Извршниот директор тврди дека поскапувањето досега имало „многу ограничено“ влијание врз потрошувачката.

„Инфлацијата е се уште присутна и влијае на нашата профитабилност, така што ќе мораме да ги прилагодиме цените“, рече Шнајдер. ссм/

Остани поврзан