• четврток, 26 декември 2024

Нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 25 август 2020 (МИА) - Времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7 Во Скопје нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за појава на краткотрајно невереме и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 31 степена. Од среда следува период во кој ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со постепен пораст на температурата.

Остани поврзан