• недела, 24 ноември 2024

Несреќа на автопатот кај Лесковац, повредени двајца македонски државјани

Несреќа на автопатот кај Лесковац, повредени двајца македонски државјани
Белград, 31 јули 2021 (МИА) - Нешто после 8 часот утрово, се случи сообраќајна незгода на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, во која беа повредени двајца мажи од Северна Македонија, потврдено е за ЈугМедија во Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац. Повредите ги здобиле мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година. - Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ. Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград - Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата. Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот. - Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац, наведува Југмедија. об/мс/

Остани поврзан