• сабота, 23 ноември 2024

Нерешителноста на ЕЦБ околу каматните стапки може да доведе до стагнација во Еврозоната, смета тинк-тенкот „Бројглер“ 

Нерешителноста на ЕЦБ околу каматните стапки може да доведе до стагнација во Еврозоната, смета тинк-тенкот „Бројглер“ 

Брисел, 28 март 2029 (МИА) - Нерешителноста на Европската централна банка (ЕЦБ) за намалување на висината на основната каматна стапка се додека нема показатели дека таа влијае на забавување на зголемувањето на платите, би можела да резултира со мал раст на економијата во Еврозоната, смета бриселскиот тинк-тенк за европски политики „Бројгел“. 

Според директорот на „Бројгел“, Јеромин Цетелмајер, ЕЦБ е во состојба на „деликатен чин на балансирање“ меѓу заложбата да се избегне можна инфлаторна спирала со зголемувањето на платите и ризикот нејзината рестриктивна каматна политика да и наштети на „многу слабата економија“ во Европа. 

Цетелмајер смета дека ставот на ЕЦБ пред носењето одлука за евентуално намалување на каматните стапки да почека дополнителни податоци за платите, става прекумерен акцент на инфлаторните влијанија и со тоа претставува заканува „да ја заглави економијата на Еврозоната во сценарија на стагнација или долгорочен низок раст“.  

- ЕЦБ всушност сака да види докази за забавување на растот на платите пред да ги намали каматните стапки, изјави Цетелмајер во обраќање на настанот во организација на бриселскиот Центарот за европски реформи.  

Според статистичките податоци, во последниот лански квартал стапката на раст на платите во Еврозоната се намали на 4,6 отсто од 5,1 проценти во претходното тримесечје.  

Меѓутоа, според Цетелмајер овој показател ЕЦБ „не го смета за доволен и сака да види уште еден“. 

- Ова би го протолкувал како одраз на прилично конзервативна пристрасност... ЕЦБ инсистира да види два докази дека претпоставката за забавување на реалните плата е веродостојна. Тоа, пак, значи одмерување меѓу две зла - прерано намалување на стапките или влегување во зона на стагнација, истакна Цетелмајер, додавајќи дека Банката премногу стравува од можноста за повторно зголемување на инфлацијата. 

Ставот на Цетелмајер претставуваше реакција на коментарите на членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне, кој на истиот настан изјави дека подобрените перспективи и понатамошната умереност на инфлацијата создаваат простор за олабавување на монетарната политика на Банката. 

- Се приближуваме до точката кога би имале доверба да дејствуваме, рече Чиполоне без да наведе конкретна временска рамка за намалување на нивото на каматната стапка. 

Според него, „загриженоста за трошоците за работна сила треба да се сфати сериозно“, но сепак има основи да се тврди дека сегашниот економска амбиент ќе овозможи зголемување на реалните плати на кус рок, без при тоа да се поттикне инфлацијата. 

- Ублажувањето на шоковите од понудата, како и намалувањето на влијанието на профитите врз инфлацијата, значат дека фирмите можат да го апсорбираат притисокот врз платите, на начин тој да не влијае врз потрошувачите цени, додаде Чиполоне. 

Во периодот од јули 2022 година до лани во септември, ЕЦБ ја зголемуваше својата основна каматна стапка во десет наврати, достигнувајќи рекордни четири проценти. Ваквата мерка беше преземена како резултат на растот на инфлацијата и цените, предизвикан од руската агресија врз Украина. 

Годишната инфлација во Зимбабве во мај се зголеми на 785,55 проценти, соопшти Националната агенција за статистика на ова аафриканска земја.

Во октомври 2022 година стапката на инфлација во Еврозоната го достигна максималното ниво од 10,6 проценти, по што започна постепено да се намалува до ниво од 2,6 отсто, колку што изнесуваше минатиот месец. Според прогнозите на ЕЦБ, во текот на следната година инфлацијата би требало да падне на целната стапка од два отсто, а во 2026 да се сведе и на 1,9 проценти. 

ЕЦБ се најде на удар на критики откако нејзиниот директор задолжен за економија, Оскар Арс на почетокот на месецов изјави дека монетарната политика на Банката ќе има негативно влијание врз растот на Еврозоната до 2026 година. 

Многу аналитичари сметаат дека се неопходни пониски каматни стапки за да се поттикне забавениот економски раст на блокот и да се стимулираат инвестициите неопходни за спроведување на зелената и дигиталната транзиција на ЕУ. 

Во својата последни предвидувања, ЕЦБ ја намали прогнозата за економскиот раст на Еврозоната во 2024 година од претходно очекуваните 0,8 на 0,6 отсто. Слаб економски раст особено се предвидува за најсилната економија во ЕУ, Германија, која минатата година ја заврши со пад од 0,3 проценти. За оваа година, германските економски институти предвидуваат економски раст од само 0,1 отсто, иако претходно беше прогнозиран оптимистички раст на БДП од 1,2 проценти.  

Аналитичарите очекуваат ЕЦБ да започне со намалување на каматната стапка од јуни, можност што во неколку наврати ја најави и самата претседателка на Банката, Кристин Лагард. Таа во јануари најави дека намалувањата на стапката „веројатно ќе случи до летото“, откако кон крајот на пролетта ќе бидат познати клучните податоци за состојбата со платите врз основа на што ќе се базира монетарната политика на ЕЦБ.  

Лагард минатата недела изјави дека ЕЦБ ги очекува податоците за растот на платите од првиот овогодишен квартал кон крајот на мај. - До јуни ќе имаме нов сет на проекции кои ќе потврдат дали се уште е валидно претходно предвиденото движење на инфлацијата, додаде Лагард. сп/

Фото: МИА Архива/Скриншот

Остани поврзан