• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Непрооден локалниот пат Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

Непрооден локалниот пат Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче и првиот мост во село Батинци, соопшти денеска АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан