• недела, 24 ноември 2024

Непристапност до гласачките места за лицата со попреченост, меѓу главните забелешки на „Инклузива“ за локалните избори

Непристапност до гласачките места за лицата со попреченост, меѓу главните забелешки на „Инклузива“ за локалните избори
Куманово, 3 ноември 2021 (МИА) - Непристапни гласачки места, недостиг на граничникот за потпис, на шаблоните за Брајово писмо регистриралo здружението „Инклузива“ на првиот и вториот круг од локалните избори.
Од Здружението велат дека за разлика од првиот, во вториот круг биле поставени и сликовите прикази за гласање. Годинава имало седум лица со попреченост кандидати за советници на различни советнички листи, а тројца од нив биле и носители. Официјалната страна на Државната изборна комисија целосно била пристапна.
- Во првиот круг на изборите не беа поставени сликовитите прикази за процесот на гласање кои „Инклузива“ ги достави до ДИК. Од четири града добивме известување дека се поставени, а во останатите немаше воопшто. Имавме пријава од Охрид каде што на жена со попреченост на која десната рака не и функционира и барале исклучиво со таа рака да биде идентификувана, што е во спротивност со нивното упатство за идентификација на гласачите, изјави Благица Димитровска од „Инклузива“.
Во вториот круг сликовитите прикази биле поставени на 90 проценти од гласачките места, но, пак недостасувале граничниците за потпис кои се важни за да се одбегнат грешките во избирачкиот список. Од „Инклузива“ не ја знаат причината, но забелешките ќе ги достават до надлежните и јавно ќе ги презентираат.
- Од Куманово имаме пријава дека на лице со целосно оштетен вид не му бил даден шаблонот за гласање, поради што тој морал да гласа со придуржник и му е нарушена тајноста на гласањето, вели Димитровска.
„Инклузива“ ги следела и кампањите на учесниците во изборниот процес и генерално се задоволни, бидејќи сите ги почитувале стандарите за пристапност. Најголема забелешка имало за непристапност на гласачките места, дури имало и нови објекти кои не биле пристапни. Димитровска повика на почитување на Законот за градба каде е утврдено дека објектите мора да бидат пристапни и предвидени се казни доколку не се почитува одредбата.
И о на вие избори гласале луѓето во старските домови, но не и лицата во згрижувачки семејства, оние кои самостојно живет во установи за вонсемејна грижа. ам/фф/

Остани поврзан