Непомниашчиј и Динг израмнети пред завршната партија за титулата светски првак
- Претпоследната, тринаесетта, партија од двобојот за титулата светски шаховски првак меѓу Русинот Јан Непомниашчиј и Кинезот Лирен Динг во казахстанската престолнина Астана заврши денеска со реми во 40. потег, и резултатот пред завршната партија остана израмнет 6,5-6,5.
Астана, 27 април 2023 (МИА) – Претпоследната, тринаесетта, партија од двобојот за титулата светски шаховски првак меѓу Русинот Јан Непомниашчиј и Кинезот Лирен Динг во казахстанската престолнина Астана заврши денеска со реми во 40. потег, и резултатот пред завршната партија остана израмнет 6,5-6,5.
Денешното реми означи дека одлуката за новиот светски шаховски првак ќе биде позната дури во последната партија или – во случај на нерешен резултат – во доигрување во забрзано или евентуално дури и во брзопотезно темпо.
Непомниашчиј и Динг утре ќе имаат слободен ден, а четрнаесеттата партија е на програмата в сабота.
Предноста од почетен потег ќе ја има Динг. ег/
ФОТО: Фејсбук