• среда, 18 декември 2024

Непознато лице пука од огнено оружје во село близу Невесиње

Непознато лице пука од огнено оружје во село близу Невесиње

Сараево, 19 август 2024 (МИА) -  Полицајци од градот Невесиње (150 км југ-западно од Сараево) и од Жандармеријата при полициската управа Требиње блокирале поширока локација и објект во селото Зови До од кој непознато лице пука од огнено оружје, јавија медиумите во БиХ.

Во околината на таа локација нема цивили и повредени лица.

„Лицето кое пука не зборува и не го разбира српскиот јазик и не сака да комуницира на англиски со полицајци“, се наведува во соопштението од полицијата.
Дел од тамошните медиуми јавија дека полицијата претходно привела мигранти во тој реон кои ограбувале куќа. зш/

Остани поврзан