• недела, 01 септември 2024

Непознати лица од мотор во движење во Атина фрлиле чанта со рачни бомби и пиштол

Непознати лица од мотор во движење во Атина фрлиле чанта со рачни бомби и пиштол

Атина, 31 август 2024 (МИА) – Четири рачни бомби, пиштол и пендрек, според грчките медиуми, содржела чантата што две непознати лица ја фрлиле од мотор во движење во атинската населба Керацини, додека бегале од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил претпладнево кога моторот не застанал на знаците од полицајците, по што следела потера при која еден од патниците ја фрлил чантата.

На местото веднаш пристигнал тим за неутрализирање на експлозивни направи, а полицијата сè уште трага по двете лица. ср/

Фото: МИА архива

Остани поврзан