• четврток, 26 декември 2024

Неочекувано „светлосно шоу“ на небото над Калифорнија

Неочекувано „светлосно шоу“ на небото над Калифорнија

Лос Анџелес, 23 март 2023 (МИА) - Вселенски отпад којшто влегува и паѓа во атмосферата на Земјата создаде „мистериозно светлосно шоу“ за набљудувачите на небото во Јужна Калифорнија кон крајот на минатата недела.

Хаиме Хернандез во Сакраменто ја снимил сцената со својот мобилен телефон. Примамливо објаснување за ваквите глетки обично се вонземјани, НЛО итн., но стручњаците велат дека всушност се работи за делови од стара комуникациска опрема од Меѓународната вселенска станица, што горела и скоро согорела при влегувањето во атмосферата.

- Ова што го гледате се всушност многу мали објекти коишто ослободуваат многу енергија, се наоѓаат високо и патуваат исклучително брзо, појасни американскиот астрофизичар Џонатан Мекдауел.

Ваквите сцени се вообичаени, но луѓето не ги забележуваат често бидејќи обично се случуваат над океаните. Овојпат, се чини, несогорените парчиња случајно паднале некаде околу Националниот парк Јосемити во Калифорнија.

Според стручњаците, проблемов ќе се влошува, бидејќи сателитите ќе бидат сѐ повеќе на број - планирани се повеќе од 50.000 нови сателити до 2030 година. Научниците ги повикуваат производителите и корисниците на сателити да го отстрануваат и одговорно и соодветно да го складираат својот отпад во иднина.  си/

Остани поврзан