• недела, 24 ноември 2024

Необична птица по 400 години се врати во Словенија

Необична птица по 400 години се врати во Словенија

Љубљана, 22 мај 2023 (МИА) - Ибисот со грива се врати во Словенија. Станува збор за птица која исчезнала од тие области пред повеќе векови, поточно пред околу 400 години.

Борис Арко од Постојна, Словенија, е тој кој на својот прозорец ја видел големата птица со долг клун и без пердуви на главата.

- Долета првиот пат до мојата полица, а потоа остана таму половина час. „Разговаравме“ малку, но одлета и по некое време повторно се врати. Не знам зошто, бидејќи ништо не му понудив, вели Борис за „Н1 Словенија“.

И, бидејќи не препознал за која птица станува збор, тој вклучил апликација за птици, па технологијата веднаш му кажала дека тоа е ибис.

Всушност, станува збор за екстремно загрозен вид што исчезнал во северозападниот Балкан пред четири века. Ибисот, т.е. ибис со грива, е голема птица-преселница која живее во пусти, полупустински и карпести живеалишта - често, но не секогаш, близу реки или потоци. Има распон на крилјата од 120 до 135 сантиметри и тежи 1 - 1,5 килограми. Овој вид во минатото бил многу пораспространет на Блискиот Исток, Северна Африка, па дури и на подрачјето на Алпите... Овој вид некогаш бил високо ценет и од фараоните од Стариот Египет.

За жал, нивните средби со луѓе не завршуваат секогаш среќно. Бидејќи ибисот не се плаши од човекот, тоа го прави лесен плен.

Се претпоставува дека оваа птица била вообичаена и на Истра и во Далмација во средниот век. Нејзиниот лик се наоѓа на една од фреските во црквата „Света Троица“, на грбот на благородничкото семејство Елио и на портата на замокот Луковец во Лог.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан