• четврток, 26 декември 2024

Ненадејно почина затворениот руски генерал Лопирев, наводен чувар на тајните на Путин

Ненадејно почина затворениот руски генерал Лопирев, наводен чувар на тајните на Путин

Москва, 24 август 2023 (МИА) - Затворениот поранешен генерал на руските безбедносни служби, кој наводно знаел за изградбата на црноморската резиденција на претседателот Владимир Путин, починал во притвор, пренесуваат руските медиуми.

На генерал Генади Лопирев, кој беше осуден за поткуп во 2017 година и одлежа повеќе од девет години во поправната колонија бр. 3 во централниот регион Рјазан, според руските медиуми „одеднаш му се слоши“ и беше испратен во локална болница каде што почина на 16 август.

Лопирев бил осуден за примање мито „во вкупен износ од околу седум милиони рубљи (околу 74 илјади долари), пренесува Си-Ен-Ен.

Лопирев беше осуден и за нелегално поседување пиштол и муниција, соопштија руски медиуми, иако тие пресуди беа поништени по жалбата.

Генералот секогаш тврдеше дека е невин по сите обвиненија.

Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон ја нарече неговата смрт „сомнителна“ и рече дека нивниот „инсајдерски извор тврди дека Лопирев е „чувар на тајните“ поврзани со изградбата на резиденцијата на претседателот Путин во Црното Море. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан