• петок, 27 декември 2024

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Кочани, 3 февруари 2024 (МИА) – Нема присуство на бактеријата салмонела во мострите што ги зел Центарот за јавно здравје од Кочани кај лица и површини во детската градинка во Берово. Испитувањата од примероците покажале негативни резултати, но ќе биде потребно уште едно деноноќие за да се добијат анализите од мострите од храната.

-Согласно прелиминарните извештаи, кај лицата и на површините од кои беа земени мострите не е утврдено присуство на салмонела. Претстои уште 24-часовен период за да се утврди дали во земените примероци храна има некакви траги од салмонела. Без разлика на ваквиот резултат, нашата работа овде нема да прекине, туку ќе работиме на утврдување што ја предизвикало заразата оваа зараза. Децата кои се пожалија на здравствени проблеми биле пријавени кај матичните лекари, кои ни испратија копрокултура. Претпоставувам дека во наредниот период ќе имаме зголемен интерес затоа што од овој регион веќе ни пристигнуваат поголем број на копрокултури, што не се поврзани само со градинката во Берово, истакна Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

Според епидемиолошката служба во Центарот, во зависност од тоа каде ќе биде откриено бактериско присуство на салмонела ќе се види дали има и други позитивни случаи во беровскиот регион.

Како превентивна мерка, додека целосно да завршат анализите на земените примероци храна, кујната во градинката „23 август“ во Берово ќе остане затворена. та/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан