• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Нема повредени во пожарот во близина на Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Нема повредени во пожарот во близина на Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Скопје, 10 април 2025 (МИА) -   Нема повредени лица во пожарот  што се случи претпладне во патничко возило во движење  на ул. „Владимир Назор“ во близина на Клинички центар. Со пожарот било зафатено уште едно возило и фасада од зграда.

- Во СВР Скопје во 09.50 часот било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, соопштија од МВР.

Како што изјави претходно Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје, пожарот е изгаснат, а интервенирано е со едно возило и четири пожарникари. лв/ев/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан