• среда, 25 декември 2024

Нема опасност за стартот на сезоната во Формула 1

Нема опасност за стартот на сезоната во Формула 1
Мелбурн, 3 март 2020 (МИА) - Сезоната во Формула 1 ќе започне според планираното, катеорични се организаторите на Австралија и покрај епидемијата на коронавирус. Како што е познато, Големата награда на Кина е одложена, а откажани се и други спортски настани, вклучувајќи ги и моторните трки во Катар и Тајланд, предизвикувајќи загриженост дека кампањата може да не започне како што е предвидено на 15 март. „Ние работиме по план и сме целосно подготвени да ја организираме по 25-ти пат трката во Мелбурн следната недела. Очекуваме тимовите да пристигнат во наредните денови и со нетрпение очекуваме да ги отвориме вратите пред гледачите на 12 март. Ние тесно соработуваме со здравствените агенции и надлежните служби и внимателно ја следиме ситуацијата. Нема индикации за нови забрани за патувања во оваа фаза, и за тоа дека некои од тимовите во Формула 1 нема да можат да пристигнат навреме“, рече извршниот директор на австралиското ГП, Ендру Вестакот. По трката во Австралија на 15-ти март, треба да се одржи Гран-при на Бахреин, по што екипите ќе се упатат кон Виетнам за првата трка во земјата на 5 април.

Тагови

Остани поврзан