• вторник, 12 ноември 2024

Најавата за нов заем очекувана, поважно е од каде и под кои услови ќе биде земен и како ќе биде потрошен, сметаат експертите

Најавата за нов заем очекувана, поважно е од каде и под кои услови ќе биде земен и како ќе биде потрошен, сметаат експертите

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) - Нема ништо неочекувано во најавата да се земе заем, многу поважно е од каде ќе се обезбеди и под кои услови, велат експертите по најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на новата влада Христијан Мицкоски за задолжување од една милијарда евра од друга влада. Иако тој не открива детали под кои услови ќе се земе заемот и од каде, за стручната фела важно е да има продуктивна употреба на заемите која ќе овозможи економски раст.  

Трите приоритети на кои треба да се насочи новата влада, според нив, се забрзан економски раст, продолжување на евроинтегративниот процес и борба против корупцијата. Посочуваат дека е потребно создавање одржлива и продуктивна економија базирана на иновации, претприемништво, ефикасна работна сила која е силно интегрирана во регионалните и глобалните економски текови, зајакнување на институционалната структура и одржливи реформи во здравствениот, образовниот и социјалниот систем...

Задолжувањето да биде насочено кон продуктивни инвестиции кои ќе овозможат долгорочен економски раст  

Професорот Борче Треновски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вели дека во моментот е неблагодарно да се дискутира за најавениот заем затоа што нема доволно детали, но посочува дека задолжувањето треба да биде насочено кон продуктивни инвестиции кои ќе обезбедат економски поврат што ќе овозможи сервисирање на долговите и дополнително национален развој. 

- Сведоци сме дека изминатите години редовно нашата земја се задолжува, притоа искористувајќи дел од новите заеми за враќање на старите, а дел за правење нови јавни расходи, што постепено го кумулираше нашиот долг. Ова го кажуваме од причина што од потенцијалната нова Влада беше најавена една милјарда задолжување под поволни услови и ова го отвори прашањето -  дали во иднина нешто ќе се промени, што ќе значи ова ново задолжување. Имајќи предвид дека се уште немаме доволно информации за оваа најава за задолжување, неблагодарно од наша страна е да шпекулираме за детали, меѓутоа може да продискутираме за определени аспекти кои можеби ќе фрлат малку светлина за окружувањето во кое потенцијално би се задолжиле, вели Треновски во изјава за МИА.

Со последното зголемување на три проценти на референтната каматна стапка граѓаните може да очекуваат во догледно време каматните стапки како депозитите, така и на кредитите да се зголемуваат

Посочува дека обезбедувањето на поволно задолжување е добредојдено, но дека од особена важност е да има информација за евентуално дополнителните услови, кои би го придружувале ова задолжување, односно кои би биле евентуалните економски и други трошоци/барања што ги носи истото.

- Во услови кога веќе имаме ниво на јавен долг на граница на фискалната одржливост (кога секако ќе треба да враќаме стари долгови), а од друга страна меѓународните финансиски пазари се уште се „затегнати” како резултат на изминатите кризи – обезбедувањето на поволно задолжување секогаш е добредојдено, но воедно претставува и предизвик (од каде ќе се обезбеди ова задолжување, кои ќе бидат условите за истото ...). Секое задолжување, од искуство од институционалните инвеститори е поврзано со определени барања/правила/реформи покрај главницата и каматата – барања кои даваат некоја гаранција за продуктивна употреба на средствата или зајакнување на менаџментот со јавните средства и долгот, појаснува Треновски. 

Во однос на намената на најавеното задолжување од една милјарда, според Треновски, постои можност дел од средствата да бидат наменети за раздолжување од старо задолжување.

- Знаеме дека следната година веќе доспева позначајна сума на старо задолжување и раздолжувањето ќе биде една од фискалните потреби, кои ќе се појават и можат да апсорбираат значаен дел од очекуваната милјарда – што доколку навистина е поволно и без дополнителни национални трошоци може да направи определени заштеди. Доколку не се искористи за раздолжување -  јасно е дека досега ефикасноста на системот на јавни расходи беше особено ниска и нашата интерна контрола и приоритизација на расходите беше недоволно организирана - што го отвара прашањето дали оваа милјарда или некоја нова ако дојде, ќе биде употребена за продуктивни расходи кои ќе овозможат национален развој и ќе го зголемат нашиот потенцијал да ги вратиме долговите, потенцира професорот Треновски.  

За професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии нема ништо неочекувано во тоа што новата влада најавува задолжување бидејќи, како што вели, фискалната ситуација во земјата не е сјајна.

- Буџетскиот дефицит во првите три месеци изнесува околу девет проценти од БДП, и само во овие три месеци е потрошена скоро една половина од вкупниот проектиран дефицит за целата година. Сепак, малку е тажно што првата работа која ја најави новиот премиер на економски план е даке ќе се задолжи милијарда евра, вели Јовановиќ за МИА. 

Ако сакате да ја поттикнете економската активност мора да ја стимулирате потрошувачка, тоа е еден од основните постулати за справување со секоја криза, порача вечерва поранешниот советник во

Проблематично, според него, е тоа што во јавноста проструила информација дека милијардата ќе биде земена од Унгарија која, како што посочува, не е земја која плива во пари и во голема мера зависи од буџетските трансфери од ЕУ.

- Ова отвора бројни прашања, како на пример – зошто Унгарија би ѝ дала пари на Македонија, што ќе бара за возврат, дали бегалецот Груевски е некако во игра, дали ова е можеби вовед во негово враќање во државата, дали Македонија тргнува по патот на Унгарија, која важи за една од најпроблематичните членки на ЕУ?, прашува Јовановиќ.

Економијата да биде во фокусот на новата влада, но и одржливи реформи во повеќе сектори

Фокусот на новата влада, според академик Таки Фити, треба да биде економијата, односно забрзувањето на економскиот раст, бидеќи во моментот, смета дека имаме ниски стапки на економски раст и развој, многу ниска продуктивност на трудот и слаба конкурентност на економијата. Потребно е, вели тој, и забрзување на европските интеграции, но и борба против корупцијата.

- За да се забрза економскиот раст и развој има нешто што е многу значајно и што влијае врз бизнис климата и можностите за инвестирање во Македонија, а тоа е борбата против корупцијата. Тоа е рак рана, бидејќи стана системска, ја има на сите нивоа не само кај јавните набавки и кај централната влада, туку и кај општините и сите сектори, кај граѓаните.... Митото и корупцијата станаа вообичаена работа. Тоа му прави големи штети на економскиот раст и развој. Дејствува и на репутацијата на земјата ја влошува бизнис климата, ја намалува склоноста на инвсетирање, не само на странските инвеститори кои што не сакаат да даваат мито за да добијат некакви привилегии, туку и кај нашите, истакнува академик Фити.

Потребен е поповолен даночен третман на иновативните тутунски производи, истакна академик Таки Фити на научната дискусија по повод завршувањето на мултидисциплинарниот проект „Социјален прист

Со цел остварување на долгорочен развој и просперитет, професорот Треновски, смета дека е неопходно конечно да се почне со долго очекуваните структурни реформи, кои ќе овозможат системска промена во земјата зајакнувајќи ја нејзината економска социјална и институционална основа. 

- Се надеваме дека новата влада конечно ќе направи обид да воспостави основа за национален консензус за промени во неколку клучни области: Создавање одржлива и продуктивна економија базирана на иновации, претприемништво, ефикасна работна сила која е силно интегрирана во регионалните и глобалните економски текови. Зајакнување на институционалната структура преку создавање на силни/ефикасни, деполитизирани, отчетни институции и администрација, кои ќе бидат отпорни на корупција, ќе обезбедат владеење на правото, гарантираат имплементација на законските решенија и силна поддршка на бизнис секторот и граѓаните на нашата земја, посочува Треновски. 

Потребни се, смета тој, и одржливи реформи во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, како и вистинска децентрализација кои ќе обезбедат ефикасни услуги за граѓаните, рамномерен развој на земјата и национална благосостојба.

Приоритети во јавното трошење

Без разлика дали државата ќе се задолжи сега или подоцна, експертите сметаат, дека е неопходно да се зајакне системот за приоритизација во јавното трошење, да се обезбеди вредност за пари и транспарентно да се постави финансиска рамка во која би се реализирале средствата.

-  Задолжувањата има логика ако обезбедат „вредност за парите” ако можете истите да ги вратите, со нив да обезбедите национален развој, без притоа да имате економски, социјални или политички трошоци за вашата земја. Меѓутоа кругот на задолжување тешко се контролира и да не заборавиме дека нашата следна тема и фокус треба да биде на фискалната консолидација, користењето на националните фискални резервоари, зајакнување на фискалниот простор и намалувањето на јавниот долг, смета Треновски.

Професорот Јовановиќ забележува дека новата влада нема намера да направи суштинска промена и дека ќе продолжи со досегашниот неолиберален модел заснован на мала држава, ниски даноци, примат на приватниот сектор и фокус на странските инвестиции. 

- Овој модел во Македонија, со мали варијации, се применува веќе 30 години и е главната причина зошто доходот по глава на жител во земјата е само 40 отсто од просекот во ЕУ, сиромаштијата е преку 20 проценти, а нееднаквоста е највисока во Европа. За да има осетно подобрување на животниот стандард, потребно е да се отфрли овој модел и да се премине на модел со многу поголема улога на државата во економијата, преку индустриска политика, вложувања во инфраструктура, здравство, образование и други јавни услуги, и редистрибуција од богатите кон сиромашните, смета Јовановиќ.

Тој посочува дека изборната програма на ВМРО - ДПМНЕ во економската сфера не влева оптимизам и оти за жал единствената промена најавена пред изборите во однос на СДСМ било дека нема да ги зголемуваат платите, што, како што вели Јовановиќ, би значело запирање на единствената колку-толку добра политика на претходната влада.

Слаѓана Стојкова Костоски

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан