• недела, 28 јули 2024

Нема веќе непоразени тимови во НБА лигата

Нема веќе непоразени тимови во НБА лигата
Њујорк, 31 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарите на Јута загубија синоќа на гостувањето кај Чикаго со 107-99 со што во НБА лигата веќе нема непоразени тимови во новата сезона. Чикаго ја прекина серијата од четири последователни стартни победи на Јута предводен од Деман Дерозан со 32 поени. Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела: Детроит – Орландо 110-103 Њу Орлеанс – Њујорк – 117-123 Индијана – Торонто 94-97 Филаделфија – Атланта 122-94 Чикаго – Јута 107-99 Мемфис – Мајами 103-129 Милвоки – Сан Антонио 93-102 Минесота – Денвер 91-93 Голден Стејт – Оклахома 103-82 Феникс – Кливленд 101-92. ег/паг/

Остани поврзан