• среда, 18 декември 2024

Немања Матиќ уште две години во Манчестер јунајтед

Немања Матиќ уште две години во Манчестер јунајтед
Манчестер, 8 март 2020 (МИА) - Немања Матиќ, сепак, останува во Манчестер јунајтед. Веста за британските медиуми ја потврди менаџерот на „Црвените ѓавиоли“, Оле Гунар Солсјкер на неколку часа пред дербито со Сити. Договор, вели Норвежанецот, е постигнат, останува уште параф од српскиот репрезентативец на новата двегодишна соработка. - Останува овде. Постигнавме договор со него и ќе биде наш играч и во наредниот период, изјави Солскјер. Матиќ во есенскиот дел не се изнаигра за Манчестер јунајтед. Причина беа повредите, но и фактот дека нема потпишано нов договор. И самиот во декември порача дека Јунајтед има предност во плановите за неговата натамошна кариера. сѓд/ми/

Остани поврзан