• четврток, 26 декември 2024

Неколку маала во селските средини во Каменичко ќе добијат соодветна патна инфраструктура

Неколку маала во селските средини во Каменичко ќе добијат соодветна патна инфраструктура
Македонска Каменица, 9 септември 2021 (МИА) - Селските средини во каменичкиот регион кои долги години чекаа на подобрување на патната инфратстуктура наскоро ќе добијат нови патишта. Од општината денес информираа дека првично ќе се започне со изградба на локални патишта во дел од маалата кои инфратстуктурно треба да се поврзат со каменичките села Цера и Тодоровци. Изградбата на овие патни правци е со вкупна должина од 4,3 километри.
- Изведувачот на градежните работи за изградба на локалниот пат до Стипцарско маало, кон село Цера и маало Албанци во село Тодоровци е воведен во работа. Според потпишаниот Договор и утврдената динамика на работа, од Битем ДООЕЛ како изведувач на градежните работи и надзорниот тим од ГИМ, добивме уверување дека изградбата на овие патни правци ќе започне веќе во средината на месец септември, истакнаа од општината.
Градоначалнката Соња Стаменкова истакна дека реализацијата на споменатата активност е од витално значење за жителите од овие рурални средини и граѓаните на Општина Македонска Каменица.
Стаменкова посочи дека приоритет на општината и понатаму ќе биде посветената работа за подобрување на инфраструктурата и условите за живот на сите граѓани како во градот, така и во селските средини. вс/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан