• среда, 25 декември 2024

Неколку лица уапсени по користење на контроверзната капсула за самоубиство во Швајцарија

Неколку лица уапсени по користење на контроверзната капсула за самоубиство во Швајцарија

Берн, 25 септември 2024 (МИА) - Швајцарската полиција уапси неколку лица откако беше искористена контроверзна капсула со футуристички изглед дизајнирана за асистирано самоубиство, соопштија локалните власти.

Полицијата во северниот кантон Шафхаузен, на границата со Германија, информираше дека таканаречената капсула „Сарко“ била употребена во шума во општината Меришаузен во понеделникот.

Обвинителството во Шафхаузен покрена кривична постапка против неколку лица за „поттикнување и помагање самоубиство,“ се наведува во полициското соопштение, додавајќи дека неколку лица се приведени, без да се дадат повеќе детали за нив или за починатата.

Портпаролот на групата зад капсулата, The Last Resort, изјави дека починатата била 64-годишна Американка која страдала од сериозно ослабен имунолошки систем.

Флоријан Вилет, копретседател на The Last Resort, е меѓу четворицата приведени, заедно со холандски новинар и двајца Швајцарци, рече портпаролот. Вилет бил единствениот друг присутен кога жената си го одзела својот живот.

Во изјава на The Last Resort, Вилет ја опиша смртта како „мирна, брза и достоинствена.“

Портпаролот на The Last Resort рече дека жената ги поминала психијатриските проценки пред да си го одземе животот.

Портпаролот на обвинителството во Шафхаузен одби да даде детали или да потврди дека се приведени четири лица.

Капсулата, со елегантен аеродинамичен дизајн, предизвикува смрт кога нејзиниот корисник ќе ослободи азотен гас внатре, намалувајќи ја количината на кислород на смртоносни нивоа. Таа е дело на Филип Ничке, австралиски лекар познат по својата работа на асистираното самоубиство од 1990-тите.

Швајцарија е магнет за поддржувачите на асистираното самоубиство поради законите кои тоа го прават легално, а The Last Resort тврди дека нивната правна консултација покажала дека може да се користи.

Капсулата предизвика значително медиумско внимание и дискусија меѓу властите дали ќе ја дозволат нејзината употреба.

Елизабет Бауеме-Шнајдер, швајцарската министерка за здравство, изјави во понеделникот дека капсулата не ги исполнува барањата пропишани со законите за безбедност на производи и дека нејзината употреба на азот не е правно усогласена. ссм/

фото: архива

Остани поврзан