• сабота, 28 декември 2024

Неколку лица се затруле со хлор во хотелски базен во Охрид

Неколку лица се затруле со хлор во хотелски базен во Охрид

Скопје, 9 декември 2023 (МИА) - Неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен во хотел на брегот на Охридското Езеро манифестирале знаци на труење со хлор. Настанот вчера во 19:55 часот бил пријавен во СВР Охрид.

-Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид, се вели во соопштението од СВР Охрид и се додава дека се работи на расчистување на случајот.вј/аб/

Фото: МИА архива

Остани поврзан