• недела, 24 ноември 2024

Неколку лица прободени со нож во центарот на Бирмингем

Неколку лица прободени со нож во центарот на Бирмингем
Лондон, 6 септември 2020 (МИА) - Неколку лица ноќеска се прободени со нож во центарот на Бирмингем, соопшти денеска британската полиција. „Можеме да потврдиме дека околу 30 минути по полноќ бевме повикани за инцидент за прободување во центарот на Бирмингем. Наскоро потоа беа пријавени голем број други убоди со нож во областа и случајот беше прогласен за голем инцидент, се вели во соопштението на полицијата во Вест Мидлендс.   Во соопштението се наведува дека има голем број повредени. „Во моментов не сме во можност да кажеме колку се повредени или колку од нив се сериозно  повредени. Сите служби за итни случаи работат заедно на лице место и обезбедуваат медицинска помош“, се додава во соопштението.

Од полицијата наведуваат дека се работи на утврдување на причините на настанот и дека треба повеќе време за да соопштат детали. паг/

Остани поврзан