• среда, 27 ноември 2024

Неколку лица повредени во пукање во трговски центар во Висконсин

Неколку лица повредени во пукање во трговски центар во Висконсин
Вашингтон, 20 ноември 2020 (МИА) - Неколку лица се повредени во пукање во трговскиот центар Мејфер во градот Вавато во американската држава Висконсин, пренесуваат американските медиуми. Како што изјави градоначалникот Денис МекБрајд за Еј-Би-Си Њус, никој од повредените не е животно загрозен. Според него, напаѓачот се уште е на слобода. Околу 70 полицајци пристигнаа на местото на настанот. Полицијата им нареди на луѓето кои се затекнаа во трговскиот центар да најдат засолниште. Мејфер мол беше место на пукање во февруари, кога полицаецот Џозеф Менсах го застрела 17-годишниот Афроамериканец Алвин Кол. Полицијата тогаш соопшти дека Кол бегал од полицајците. Менсах, кој исто така е афро-американец, рече дека го застрелал Кол затоа што тој вперил пиштол кон него. Неколку месеци се одржуваат повремени протести поради инцидентот. Окружниот правобранител во Милвоки одби да го обвини Менсах, но градот неделава се согласи на договор што ќе му плати 130.000 долари за да ја напушти полицијата. паг/

Остани поврзан