• недела, 17 ноември 2024

Неколку илјади мигранти од Мексико заминаа кон САД

Неколку илјади мигранти од Мексико заминаа кон САД
Мексико Сити, 6 јуни 2022 година (МИА) - Околу 15 илјади мигранти денеска групно заминаа од јужниот дел на Мексико кон САД, на првиот ден од самитот на американските држави во Лос Анџелес, каде што ќе се разгледува прашањето за мигрантите. Групата, составена од мажи, жени и деца од централна Америка и Венецуела, тргна на дожд од Тапачула на границата со Гватемала до границата со САД на повеќе од 3.000 километри на север.                       „Мигрантите не се криминалци, тие се меѓународни работници“, пишува на транспарент што го носат мигрантите. Некои викаат „Слобода“ и „Сакаме визи“. Неименуван претставник на невладина организација која ги следи мигрантите рече дека лидерите на самитот треба да знаат дека мигрантите и нивните семејства не се „средство за постигнување идеолошки и политички интереси“. Со месеци, бројот на луѓе кои сакаат да влезат во САД поради сиромаштија и насилство во Централна Америка и Хаити постојано се зголемува. ссм/

Остани поврзан