Неколку илјади граѓани на ЕУ сè уште се во Иран, многумина не сакаат да заминат
- Многумина од нив имаат и иранско државјанство и не мора нужно да ја напуштат земјата, додаде функционерот.
Техеран, 2 март 2026 (МИА) - Неколку илјади државјани на една од земјите членки на ЕУ сè уште се наоѓаат во Иран, изјави висок функционер на ЕУ за процените на европските служби.
Многумина од нив имаат и иранско државјанство и не мора нужно да ја напуштат земјата, додаде функционерот.
Точниот број на оние што бараат евакуација не е објавен.
Се проценува дека многу поголем број државјани на ЕУ се заглавени во земјите околу Иран поради откажувања летови предизвикани од затворањето на воздушниот простор.
За да им помогне, Европската Унија активира мрежа за конзуларна соработка дизајнирана за поефикасно координирање на напорите за евакуација.сд/
Фото: ЕПА