• среда, 25 декември 2024

Неколку десетици илјади луѓе на митинг за поддршка на унгарскиот премиер

Неколку десетици илјади луѓе на митинг за поддршка на унгарскиот премиер
Будимпешта, 23 октомври 2021 (МИА) - Неколку десетици илјади приврзаници на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата десничарска Влада се собраа денеска во Будимпешта на мировен марш за поддршка на популистичкиот лидер. На средбата Орбан ги наброи економските достигнувања на неговата Влада и ја обвини претходната, предводена од социјалистите, дека ја донела земјата до финансиски колапс. - Ни требаа неколку години да го поправиме она што го уништија левичарите, истакна премиерот на Унгарија, каде следната пролет се закажани парламентарни избори. Собирот беше организиран од невладината организација Форум на граѓанско единство, активен промотор на политиките на партијата Фидес на Орбан, која доминира во унгарскиот Парламент со двотретинско мнозинство од 2010 година. гт/

Остани поврзан