• четврток, 26 декември 2024

Некогашниот дом на Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари

Некогашниот дом на Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари
Лос Анџелес, 16 јуни 2022 (МИА) - Станот во којшто некогаш живееле Џони Деп и Амбер Хард се продава за 1,76 милиони долари, па сега се знае и како изгледа неговата внатрешност. Поранешната двојка живеела тука 15 месеци, а домот се наоѓа во центарот на Лос Анџелес во зградата наречена „Источна Колумбија“. Имотот од 1930 година се простира на површина од 1.780 метри квадратни. Покрај тоа што е украсен со високи тавани, се состои од една спална соба, две бањи и кујна со дневна соба, пренесува „Форбс“. Во просториите претежно доминираат суптилни кафено-неутрални тонови, со индустриски елементи од кои најизразени се скалите. Сепак, големите прозорци, како и мебелот и украсите на домаќинството - перниците и теписите на тврдо дрво, „ја омекнуваат“ целокупната слика на станот. А, бидејќи се наоѓа при врвот од зградата, близу е и покривот, каде што има базен со солена вода.  си/

Остани поврзан