Независниот синдикат на одбраната со неколку барања до надлежните
- Зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварување право на пензија - се трите клучни барања што денеска ги соопшти Независниот синдикат на одбраната.
Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Зголемување на бодот за пресметка на основната плата за 20 отсто, ревизија на бодовниот систем на квартално ниво и решавање на статусот на професионалните војници до остварување право на пензија - се трите клучни барања што денеска ги соопшти Независниот синдикат на одбраната.
Барањата пред Министерството за одбрана ги соопшти претседателот на Синдикатот, Маријо Јуришиќ, кој истакна дека целта е платите да бидат автоматски поврзани со реалните економски индикатори, како што се инфлацијата и трошоците за живот.
Јуришиќ нагласи дека доколку барањата не бидат исполнети, Синдикатот ќе разговара за понатамошните чекори, но потенцира дека нивен приоритет остануваат дијалогот и отворената комуникација со надлежните институции. бд/дма/
Фото: МИА