• среда, 18 декември 2024

Независниот кандидат Зоран Ногачески резибран за градоначалник на Општина Дебрца

Независниот кандидат Зоран Ногачески резибран за градоначалник на Општина Дебрца
Охрид, 31 октомври 2021 (МИА) – Според првичните официјални резултати од вториот круг на Локалните избори, независниот кандидат Зоран Ногачески повторно е избран за градоначалник на Општина Дебрца. Претседателот на Општинската изборна комисија, Даниела Којчиноска Мартиноска, потврди дека Ногачески ја добил довербата од 1506 граѓани, додека за противкандидатот предложен од Коалицијата предводена од СДСМ гласале 1276 жители на Дебрца. - Ова е победа на концептот „Заедно за Дебрца“, граѓаните се изјаснија дека сакаат да продолжат политиките на работата на оваа Локална самоуправа. Ја користам оваа прилика да им заблагодарам на сите граѓани на Дебрца, и на оние што ме поддржаа и на сите, со порака дека продолжувам да работам исклучиво во нивен интерес, изјави Ногачески за МИА. Зоран Ногачески беше актуелен градоначалник на Дебрца изминатите четири години како кадар на СДСМ, а на овие избори настапи како независен кандидат. аб/дма/

Остани поврзан