• недела, 24 ноември 2024

Независната угостителска комора обезбеди бесплатна вакцинација за угостителите и музичарира во Ниш

Независната угостителска комора обезбеди бесплатна вакцинација за угостителите и музичарира во Ниш
Скопје, 27 март 2021 Независната угостителска комора (НУК) во соработка со Стопанската комора на србија (ПКС) за сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници, вклучувајќи ги и музичарите без разлика дали се членки или не се членки на некоја комора или здружение, обезбеди безусловна бесплатна вакцинација во Ниш, соседна Србија во сабота и недела од 08:00 до 20:00 часот. Со оглед дека угостителите и угостителските работници извисија на сите можни начини изминатиот период од страна на Владата со своите барања за потреба од посебни сет економски мерки за неповратна финансиска помош и поддршка со кои ќе се помогне да опстане и да се одржи угостителската индустрија, како и одлуката со која Министерство за здравство не го прифати барањето на хотелско-угостителските работници да бидат на приоритетната листа за вакцинирање против ковид-19 односно ладно ги одби туристичките и угостителските работници за приоритети ва вакцинирањето, Независната угостителска комора во соработка со Стопанската комора на Србија обезбеди безусловно и бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и угостителски работници овој викенд (27ми и 28ми Март 2021 година од 08:00 до 20:00 часот) во Спортскиот центар “ЧАИР” во Ниш, Србија. Независната угостителска комора свесна дека е беспомошна во укажувањето на Владата на проблемите, колапсот и ограничувањата со кои се соочува целокупната угостителска индустрија минатиот период започна со активности со кои навистина реално ќе може да помогне и излезе во пресрет на помош и поддршка со разумни предлози и решенија за угостителите и угостителските работници. Петтиот сет екомски мерки - не е веќе само задоцнето туку целосно промашување и разочарување за угостителската индустрија која наместо реална и конкретна безусловна поддршка на угостителите и угостителските работници Вицепремиерот со празните ветувања за петтиот сет мерки ги удави угостителите и угостителската индустрија во кредити, долгови и загуби! Со цел НУК да проба да изнајде решенија со кои ќе може да помогне да се спаси туристичката сезона оваа година, како и да се одржи угостителската индустрија во функција уште на 16ти март со дописи се обрати до Рускиот инвестициски фонд (THE RUSSIAN DIRECT INVESTMENT FUND - RDIF) и Амбасадата на  Руската федерација во Скопје, како и до Синофарм (SINOFARM CHINA) и Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје со барање за набавка на 10.000 вакцини за потребите на целокупната македонска угостителска индустрија. Со оглед дека немавме никаков одговор, по објавата на Стопанската комора на Србија за можноста за вакцинација на разни бизнис индустрии од регионот НУК веднаш со е-пошта се обрати со барање за начините и можностите на обезбедување на вакцини за угостителите и угостителските работници. По дводневна комуникација со Стопанската комора на Србија и укажувањето и инсистирањето на потребата за вакцинација на македонските угостители и угостителски работници во пресрет на туристичката сезона, синоќа, петок 26 Март во 21:38 часот од Стопанската комора на Србија - Коморскиот инвестициски форум на земјите од Западен Балкан пристигна допис - е-пошта со која е одобрено безусловно и бесплатно  вакцинирање на сите заинтересирани македонски угостители и нивните угостителски работници која информација НУК веднаш ја сподели со сите свои членки и Претседатели на здруженија како и на својата Facebook фан страна со информација за начин на аплицирање. Сите заинтересирани останати угостители со своите вработени можат да аплицираат за вакцинирање на следниот линк; АПЛИКАЦИЈА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА УГОСТИТЕЛИ И УГОСТИТЕЛСКИ РАБОТНИЦИ - НИШ, СРБИЈА (27ми - 28ми Март 2021 год.) - https://forms.gle/a9i37FzYBXBiXt2n8 Независна угостителска комора __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан