• среда, 25 декември 2024

Недовиќ по поразот во Каунас: Судиите се вмешаа во исходот на натпреварот, долго време го немав ова доживеано

Недовиќ по поразот во Каунас: Судиите се вмешаа во исходот на натпреварот, долго време го немав ова доживеано

Белград, 31 октомври 2024 (МИА) – Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата.

Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената.

-Се вративме и имавме шанса да поведеме, но тогаш овие тројца момци навистина се вмешаа во натпреварот. Одамна не сум учествувал на ваков натпревар, изјави Недовиќ.

Тој натпреварот го заврши со 15 поени и пет асистенции. 

Жалгирис е на второто место во поредокот во Евролигата со биланс 5-1 (победи-порази). Црвена ѕвезда падна на 12. позиција со биланс 3-3. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан