• среда, 25 декември 2024

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека вчерашниот демант од Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина - Скопје е креиран од вработените во Зоолошката кои, иако постапиле согласно сите протоколи, биле изложени на јавен линч.

Како што изјави денеска Неделков, одговорајќи на новинарски прашања, овие вработени се сомневаат дека објавата на која реагирале е всушност на Град Скопје, како и дека многу работи воопшто не кореспондираат со вистината.

-Демантот е креиран од вработените кои учествуваа во настанот квалификуван во јавноста како немил и хорор. Тие се почувствуваа како да се поставени на линч од јавноста. Вработените реагираат за незаконското снимање и објавување фотографии и видеа за кои дополнително, со коментари и текст, јавноста беше поттикната за таквиот однос кон нив, рече денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков во врска со вчерашната објава на Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина - Скопје со која се демантира соопштението на Зоолошката споделено на нејзината официајлна фејсбук страница. Особено истакнуваат дека постапиле согласно закон, согласно напатствијата на АХВ и согласно сите домашни и европски протоколи. Ништо не направиле спротивно на правилата, прописите и протоколите. На сметка на тоа, се најдоа на јавен линч, рече Неделков по прес-конференцијата на ККС.

Тој објасни дека човек што се претставил дека доаѓа од Град Скопје снимал и давал отпор пред полициските службеници кои се обиделе да го спречат да го прави тоа. 

-Тој од сила на власт на Град Скопје се спротивставил и кажал дека тоа може да го прави и има право да го прави. Тоа се тие некои внатрешни препукувања меѓу Зоолошката градина и Град Скопје кои траат веќе неколку години. Можеби на две раце се бројат директорите кои се назначени и експресно сменети, со еден куп трагични загинувања, угинувања на животни со што оваа, за нас многу значајна институција, се става на маргините на нејзиното функционирање, се на грбот и на сметка на вработените кои трпат огромна штета, истакна Неделков.

На својата фејсбук страница Неделков вчера го сподели демантот од Синдикалната организација на СОНК при Зоолошката градина - Скопје во кој се наведува дека се неточни информациите изнесени претходно во соопштението на Зоолошката, објавено на 20 октомври 2024. Според демантот, направен е упад на фејсбук страницата на Зоолошката каде ова соопштение е објавено. мч/аа/

фото: МИА

 

Остани поврзан