• недела, 24 ноември 2024

Пазарот на недвижности со голема понуда и солидна побарувачка

Пазарот на недвижности со голема понуда и солидна побарувачка

Скопје, 24 септември 2023 (МИА) - Солидна побарувачка, голема понуда и добар промет, регистрира пазарот на недвижности во државава. Кај закупите има мал раст на побарувачката, со делумно поскапување како резултат на зголемените трошоци на живот.  Кај цените на недвижностите, пак, не се очекуваат поголеми промени во наредниот период.  

-Состојбата на пазарот на недвижности во државава е променлива, но сепак добра. Има солидно побарување и голема понуда и добар промет. Побарувачката на станови под закуп е добра и особено активна во овие месеци кои се традицинално месеци во кои станови под закуп бараат студентите. Во однос на минатата година има мал пораст на побарувачката, но не преголем, оценува за МИА претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија Лилјана Ковачева.

Таа вели дека цените на закупите во Скопје делумно пораснале, како резултат, пред се, на инфлацијата.. - Делумниот пораст на цените на закупите во главниот град  се однесува на сите типови на недвижности.  Тоа е резултат, пред се, на инфлацијата и се повисоките трошоци за живот и очекувањата на закуподавачите. Но, и побарувањето е делумно зголемено и закупците ги прифатија зголемените цени на закупнините, вели Ковачева. 

Дополнува дека  е многу е тешко да се извадат просечни цени бидејќи кај становите има голем распон на закупнини во зависност од опременоста, локацијата, квалитетот на станот, зградата во која се наоѓа станот како и повеќе други фактори. 
 
Според Ковачева, и закупите на деловните простори имаат одреден пораст.  

Побарувувачката, како што вели, е добра особено за висококвалитетните административни деловни простори. Во однос на изложбено-продажните простори и индустриските капацитети не се чувствува зголемување на побарувачката, па за овој тип на деловни простори нема големи промени во закупнините. 
 
Во Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности во првите два квартала од годинава евидентирани се 4.695 закупнини. Најбројни се закупите на деловни простории (1705), по што следуваат 1.389 закупи на станови, 688 на куќи, 629 на земјоделско земјиште, 110 на градежно земјиште, 106 закупи во индустријата, 29 на гаражи..., покажуваат податоците што за МИА ги споделија од Катастарот. 

Денеска, на 24.2.2020 година, во Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија пред стручната и професионалната јавност, пред дваесетината институции кои ја со

Вкупната вредност на закупнините во првата половина од годинава изнесува 2.409.772 евра. Закупите на деловните простории се со вкупна вредност од 1.599.983 евра, на становите 298.304 евра, на индустрија 238.624, од куќи 148.358 евра, градежно земјипте 71.244 евра и од земјоделско земјиште 28.221 евро.   

Во најатрактивните општини, закупнините во вториот квартал годинава се движат во просек од 260 до 303 денари за метар квадратен. Во Општина Центар по метар квадратен во второто тримесечие од годинава се плаќале 303 денари, во Карпош 267 денари, во Аеродром 257 денари, во Кисела Вода 261 денар.... Малку пониска е цената во Охрид, каде по метар квадратен закупнинатата изнесува 234 денари, додека во Штип се плаќа по 200 денари.  

Споредено со просечните цени во вториот квартал лани, годинава има зголемување на износот на закупнините на становите во општина Кисела Вода, од 202 на 260 денари по метар квадратен, во Аеродром од 241 на 257 денари, додека во Карпош и во Центар износите се на речиси исто ниво.

 
Кај цените на недвижностите пак во последните месеци, според претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија, се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.   

Цените на недвижностите, укажува Ковачева, се пазарна категорија која зависи од понудата и побарувачката. На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат.  

-Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените, вели Ковачева. 

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули годинава се издадени 280 одобренија за градење, што е за 33,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупно издадените одобренија, 134  или 47,8  проценти биле наменети за објекти од високоградба. Предвидена е изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 25 615 метри квадратни.  

Лидија Велковска 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан