• недела, 28 јули 2024

Неготинскиот градоначалник прими ученици и ментори од училиштата во општина Неготино, најдобрите добија паричeн надоместок

Неготинскиот градоначалник прими ученици и ментори од училиштата во општина Неготино, најдобрите добија паричeн надоместок
Неготино, 9 јуни 2022 (МИА) - Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов денеска прими ученици и ментори од училиштата во општина Неготино. Најдобрите ученици кои освоиле државни награди, добија паричен надоместок. -На мое огромно задоволство, денеска во градоначалничкиот кабинет извршив прием и се задржав во краток разговор со ученици и нивните ментори од сите училишта што функционираат на територијата на општина Неготино, а кои на разни натпреварувања оствариле резултати за почит и со тоа придонеле за лична и афирмација на своите училишта, како и афирмација на општина Неготино, информираше градоначалникот. На учениците кои освоиле први места на државни натпревари, од буџетот на општина Неготино им беа доделени по 5.000 денари. - На второпласираните по 4.000, а за освоено трето место по 3.000 денари, додека нивните ментори добија по 3.000 денари. Учениците на генерацијата во неготинските училишта беа наградени со по 5.000 денари, рече Стојанов. Тој им честита на нивните остварувања и им посака уште подобри резултати на натпреварувањата во иднина. свд/рп/

Остани поврзан