Неготинскиот градоначалник ги посети дежурните служби на новогодишната ноќ
- Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов синоќа ги посетил службите што се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните. Престојувал во Одделението за внатрешни работи Неготино и имал средба со 11-те припадници на полицијата кои се грижеле за безбедноста на граѓаните. Остварил средба со тројцата дежурни пожарникари од ТППЕ Неготино, а посетил и пет дежурни здравствени работници во Итната помош при Здравствениот дом во градот.
Неготино, 1 јануари 2025 (МИА) - Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов синоќа ги посетил службите што се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните. Престојувал во Одделението за внатрешни работи Неготино и имал средба со 11-те припадници на полицијата кои се грижеле за безбедноста на граѓаните. Остварил средба со тројцата дежурни пожарникари од ТППЕ Неготино, а посетил и пет дежурни здравствени работници во Итната помош при Здравствениот дом во градот.
- Додека најголем дел од граѓаните на општина Неготино вечерва во домовите и угостителските објекти во пријатна и весела атмосфера и во кругот на најблиските ја испраќаа 2024 и ја дочекуваа Новата 2025 година, поради специфичноста на работните задачи, дел од граѓаните се наоѓаа на своите работни места и посветено ги извршуваа своите работни обврски. Како и секоја, така и оваа година, во пресрет на доаѓањето на Новата година, бев во посета на службите кои во новогодишната ноќ се грижеа за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Неготино, напиша Стојанов во објава на Фејсбук.
На сите им посакал во новогодишната ноќ да имаат што е можно помалку работни ангажмани, да ја поминат во мирна и релаксирана атмосфера и им ја честитал Новата 2025 година со желби за се најдобро. Од име на Општина Неготино на сите им врачил пригодни подароци. свд/лв/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов