• четврток, 12 февруари 2026

Неготино со јавна презентација на план, целта е предвидување површина за доградба за сала за венчавки

Неготино со јавна презентација на план, целта е предвидување површина за доградба за сала за венчавки

Неготино, 25 јануари 2026 (МИА) - На веб-страницата на Општина Неготино е објавен јавен повик за организирање на јавна презентација и јавна анкета за нацрт план, целта е предвидување површина за доградба за сала за венчавки, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

- Целта за донесување на ваков вид на документација е со цел да се предвиди површина за градење за идна доградба на општинската зграда за сала за венчавки, информираа од Општина Неготино.

Од локалната самоуправа посочија дека јавната презентација со стручно презентирање на проект ќе се одржи на 3 февруари во општинската сала. свд/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан