• среда, 25 декември 2024

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје. Жена била родена 1958 година.

- Досега нема пријавено друго лице за тестирање  за птичји грип. Само тие што беа двајцата вработени и жената што дојде по нејзино убедување и ја тестиравме. Штом вработените се негативни, не сметаме дека има било каков ризик за посетителите, бидејќи навистина треба да има многу близок контакт за нешто да се случи, нагласи Андоновска за МИА. бд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан