• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Невреме со врнежи од град во Поткожувјето

Невреме со врнежи од град во Поткожувјето

Кавадарци, 18 август 2024 (МИА) - Невреме проследено со врнежи од дожд и град зафати попладнево неколку села од Поткожувјето, што сега спаѓаат во кавадаречка општина, а своевремено беа дел од локалната самоуправа Конопиште. 

Горна Бошава е само едно од селата коe беше зафатено од невремето. Селото е оддалечено четириесетина километри од градот Кавадарци.

Мештаните велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од градобијните зрна. свд/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан