• среда, 18 декември 2024

Невреме во Неготино, нема поголеми штети

Невреме во Неготино, нема поголеми штети

Неготино, 10 јуни 2024 (МИА) - Невреме ја зафати попладнево општина Неготино, со дожд и силен ветер. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети. 

- Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што евентуално би имало потреба од општинска поддршка и помош, нагласи тој. свд/бд/

Фото: Горан Стојанов 

Остани поврзан