• среда, 25 декември 2024

Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места

Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места

Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) - Стапката на невработеност во САД благо се зголеми од четири отсто во мај на 4,1 отсто во јуни, додека во спомнатиот месец се отворени 206.000 нови работни места, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот.

Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа дека во јуни ќе бидат отворени 190.000 нови работни места во САД.

Најмногу нови работни места се отворени во јавниот сектор 70.000, здравството 49.000, социјалните служби 34.000 и градежништвото 27.000. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан