• четврток, 26 декември 2024

Невработени кумановци добија сертификати за завршена обука за побарувани занимања на пазарот на труд

Невработени кумановци добија сертификати за завршена обука за побарувани занимања на пазарот на труд

Куманово, 22 септември 2023 (МИА) - Невработени кумановци денеска добија сертификати за успешно завршена обука за службеник за сметководство, за оператор за компјутерски системи и мрежи, фризер и дигитален маркетер.

Сертификатите им ги доделија спроведувачите на обука, кои учествуваа во мерката за побарувани занимања, дел од оперативниот план за активни мерки и програми за вработување.

- Мерката е финансирана од ЕУ ИПА 2 четврт директен грант. Денеска сертификати добија десет невработени лица кои ја завршија обуката за сметководство, петмина за фризер, по шест лица ги завршија обуките за оператор во компјутерски систем и мрежи и маркетер, изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.

Надлежните сметаат дека невработените веќе се поконкурентни на пазарот на трудот, бидејќи имаат сертификат за овие занимања кои се барани на локално ниво.

Марјан Спасиќ од „Е Нет“, кој ја спроведуваше обуката за оператор за компјутерски системи и мрежи, кажа дека на обуката учествувале пет млади до 29 години и едно лице со подолг период невработени.

- Ова занимање стана атрактивно последниве години со отворањето на компании од ИТ секторот, големите компании во индустриските зони кои имаат потреба од ваков кадар. Платите се прилично атрактивни се движат од најмалку од 30 до 100.000 денари нето. Компаниите се подготвени да го вработат квалификуваното лице и подготвени да понудат високи плати, изјави Спасиќ.

Анализите за потребните вештини ја прават стручните од Агенцијата за вработување меѓу работодавците од Куманово, за отворање на нови работни места, каков кадар им е потребен, какви вештини и квалификации треба да поседуваат. ам/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан